Македонија
16. October 2024 - 16:50

По Берлин Мицкоски поголем оптимист за ЕУ интеграцијата, има дилема дали да испраќа писмо во Брисел

Премиерот Мицкоски е поголем оптимист за ЕУ интеграцијата на земјава по неговите средби поврзани со Берлинскиот процес изминативе два дена, како и по средбите со германските државници во Берлин. Сепак, како што рече, нема да споделува детали во интерес на разговорите. Мицкоски дури ја отвори опцијата да се откаже од најавеното писмо до Брисел во кое требаше да се најдат македонските позиции и предлози за надминување на проблемот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Во интерес на разговорите и очекувањта што ги имам за како во иднина ќе се одвиваат работите, не би сакал јавно да споделувам детали, но сум убеден дека сум поголем оптимист пред посетата во Берлин. Имајќи предвид дека претседателката на Комисијата доаѓа на 24 октомври, имавме можност во Берлин неофицијално на ручекот да разговараме и на маргините на самитот на Берлинскиот процес и со канцеларот Шолц имав неофицијална средба, која беше многу пријателска и содржајна, па запознаени се сп содржината и претходно во Брисел лично имам дилема дали писмото да биде испратено.

Премиерот ја отфрли можноста за уставни измени преку уставен закон со суспензија коментирајќи дека такво нешто правотот не познава. Тој не сакаше да го коментира брифингот на германскиот специјалниот претставник за Западен Балкан Сарацин дека во Берлин биле одбиени сите македонски предлози и дека пораките се јасни, но посочи дека стратегијата на Владата за ЕУ е работа дома, и борба за почитување на европските принципи и за рамноправност во разговорите со Софија надвор.

И шефицата на германската диоломатија по прес-конференцијата со македонскиот колега Муцински истакна дека одлуките во ЕУ се носат едногласно.

Непосредно пред заминувањето во Берлин, Мицкоски прилично сигурен најави дека во подготовка е писмото со нови предлози за евроинтегративниот пат на Македонија. Лидерот на опизциската СДСМ Филипче, пак, најави дека СДСМ нема да ја кочи ЕУ интеграцијата  и ќе даде поддршка за уставни измени со одложено дејство, но побара премиерот да каже кои се тие ЕУ држави кои даваат поддршка на вакавата македонска позиција.