Почнува изградбата на стационар за бездомни животни во општина Гевгелија
Во атарот на селото Негорци, во близина на Невропсихијатриската болница, ќе се гради стационар за бездомни животни во општина Гевгелија, е договорено денеска на состанокот меѓу градоначалникот Сашо Поцков и членовите од општинската комисија за урбанизам.
Оваа локација е најсоодветна и најмногу одговара на потребите за реализација на проектот затоа што се наоѓа во непосредна близина на пат и обезбеден е со електро приклучок, водоводна и канализациска линија, беше образложено на сотанокот.
Вкупната вредност на проектот изнесува околу 20 милиони денари, од кои 12 милиони одобри Бирото за регионален развој, по околу 2,7 милиони денари ќе обезбедат општините Гевгелија и Струмица, на чии територии се градат стационарите, урбаните општини од Југоисточниот плански регион ќе партиципираат со по 500.000 денари, а руралните општини ќе издвојат по 150.000 денари. Дополнително од УНДП се обезбедени уште 20.000 долари за опремување на стационарите.
По изградбата на стационарите, општините Гевгелија и Струмица ќе го одберат моделот за нивно функционирање, а десетте општини од ЈИПР ќе потпишат договор за меѓуопштинска соработка за справување со проблемот на бездомните животни и нивно третирање во прифатилиштата каде ќе се обезбедат соодветни мерки за ефикасна заштита, редовно хранење и лечење доколку е неопходно.
Ново на Сител
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава