Почнува судењето за „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи првото рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски-Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.
Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова.
Советот за оценка на 12 мај годинава во целост го прифати обвинителениот акт против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.
Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.
Основачот на невладината „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски-Боки 13, е обвинет на девет години затвор со неправосилна пресуда за случајот „Рекет“, каде што е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“, заедно со поранешната СЈО Катица Јанева, која доби затворска казна од седум години за „злоупотреба на службена положба и овластувања“.
Ново на Сител
-
Бензините и дизелот поевтинуваат за 0,50 денари по литар
-
Кисела Вода обезбедува финансиска помош за набавка на огревно дрво
-
Кешишев изјави дека не бил свесен за случувањата, иако бил „десна рака“ на Палчо
-
Кина вети стабилни односи со Јужна Кореја по отповикувањето на претседателот Јун
-
САД воведуваат вештачка интелигенција во воената авијација
-
ВМРО-ДПМНЕ: Со 18.000 гласови, Филипче нема легитимитет
-
18-годишник од Штип возел 114 на место каде што дозволено 50
-
Македонските кикбоксери од Европскиот куп „Гранд при Сараево 2025“ се враќаат со 56 медали