Попладнево нестабилно време со пороен дожд во источниот дел од земјава
- Нестабилно време денеска попладне го зафати источниот дел до земјава. Од УХМР информираат дека околу пладне беа зафатени крајните источни планински предели каде имаше локален пороен дожд со грмежи. Нестабилната облачна маса се спушташе од североисток и потоа ги зафати регионите на Кочани и Виница каде имаше пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер како и појава на ситен град.
Попладнево нестабилно било на повеќе места во источните делови и тоа во регионот на Штип, Свети Николе, Куманово. Облачната маса се движеше кон централните делови, а доцна попладнево и кон западните и југозападните планински предели.
Во скопската котлина дуваше засилен ветер проследен со локален пороен дожд и грмежи, а во Велешко имаше пообилен пороен дожд.
До крајот на денот се очекува променливо облачно и малку посвежо со повремен локален дожд и појава на ретки грмежи, во западните планинските предели, како и во скопската котлина. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен прсвец. Во вечерните часови се уште ќе има повремен локален дожд во источните делови.
Стабилизирање на времето се очекува во ноќните часови, ќе преовладува ведро време со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. УВиндексот ќе изнесува 8, а температурата минимална ќе се дфвижи од 11 до 19, додека дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 34 степени.
Во Скопјеи околината ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат од 15 до 32 степена.
Утре во попладневните часови во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Во вторник ќе има извесно преодно стабилизирање на времето. Од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи. До среда дневните температури ќе бидат во пораст, а од четврток ќе бидат во опаѓање.
Ново на Сител
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата