-->
-->
Поради трагедијата на градилиштето во Кина уапсени 13 лица
-->
По несреќата на градилиштето во источна Кина, во која загинаа 74 работници, кинеските власти приведоа 13 лица.
Несреќата се случи во средата кога на градилиштето се урна скеле додека во тек беа градежните работи на платформата за разладување на кулата од електричната централа, во источната кинеска провинција Џанси. Објектот е висок 70 метри.
Истрагата е насочена кон главната инженериска фирма „Хебеј Јиненг“, која и претходно била поврзана со некои други несреќни случаи на работно место.
Кинеските медиуми наведуваат дека несреќата се случила меѓу две смени, поради што најверојатно и има толку голем број жртви.
Градежните работи на ова градилиште почнале во јули минатата година, а било планирано да се завршат на почетокот на 2018 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај