После второто силување на 63 годишна жена, велешанец доби притвор
Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 55-годишен велешанец, поради постоење на основано сомневање дека сторил продолжено кривично дело „силување“. На осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот искористувајќи исти прилики, во два наврати со употреба на сила извршил обљуба врз 63 годишна жена од Велес. На 17 септември 2020 околу 22 часот, осомничениот, кој и бил сосед на жртвата, се префрлил преку оградниот ѕид од улицата, влегол во дворот од куќата, па откако оштетената ја отворила влезната врата, тој влегол внатре и употребувајќи сила го извршил кривичното дело. Следниот ден, околу 11:30 часот, на истиот начин, го повторил кривичното дело.
– Јавниот обвинител кој постапува во предметот ги имаше предвид видот и тежината на стореното кривично дело, запретената казна, личноста на осомничениот, посебно фактот дека е сосед на оштетената и дека може да го повтори кривичното дело и да влијае врз текот на истражната постапка, па од тие причини до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице, се наведува во соопштението.
Судијата на претходна постапка на Основен суд Велес го прифатил предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости