Македонија
4. March 2026 - 19:33

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава

Триесетгодишен скопјанец под истрага на Обвинителството за ширење омраза и нетрпеливост кон македонската држава и идентитет.

Акцијата, координирана од АНБ и МВР, открила мрежа за дистрибуција на пропаганден материјал.

Од Обвинителството откриваат дека зад активностите на скопјанецот стои бугарски државјанин кој бил познат на јавноста по долготрајно објавување содржини на социјалните мрежи и портали кои промовираат нетрпеливост и насилство. Полицијата извршила претрес во домот на скопјанецот, каде е пронајден и одземен обемен печатен материјал кој според ОЈО, осомничениот планирал да го дистрибуира низ земјава.

 - ,,Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г од Кривичниот законик.“

Од ОЈО информираат дека во соработка со останатите безбедносни органи, истрагата продолжува со цел да се обезбедат дополнителни докази и да се утврди евентуална поврзаност со други лица.