Повеќе десетици ранети во протестите во Бејрут
Полицијата и безбедносните сили синоќа ги протераа демонстрантите од центарот на градот, тепајќи и приведувајќи дел од нив.
Повеќе десетици лица се ранети во судирите што се случија во централниот дел на градот, меѓу демонстрантите и силите за безбедност.
Бранот демонстрации во главниот град на Либан против владеачката елита, заради што земјата западна во економска криза, трае од 17 октомври.
Бел чад се креваше од испуканите солзавци, а сирените на возилата на итната помош одекнуваа во текот на судирот.
Безбедносните сили пукале со солзавец и гумени куршуми, а демонстрантите им возвраќале со камења и обиди да ја пробијат металната ограда, со која е блокиран влезот во парламентот и седиштето на владата.
Неколку лица паднале во бесознание од солзавецот, јави либанската агенција ННА.
Во судирот биле повредени и најмалку 20 полицајци, наведоа извори ов внатрешната безбедност.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава