Повеќе од 1,4 милиони муслимани заминаа на аџилак во Саудиска Арабија

Повеќе од 1,4 милиони муслимани досега пристигнаа во Саудиска Арабија на аџилак, што е за 33 отсто повеќе од истиот период минатата година. Меѓу нив се и 400 верници од Катар.
Катар и Саудиска Арабија се во конфликт од 5 јуни, кога Ријад и негови сојузници како Бахреин, Египет и Соединетите Арапски Емирати ги прекинаа сите врски со Доха.
Четирите земји го обвинуваат Катар за поддршка на екстремистички организации и приближување Иран.
Сепак, минатата недела Ријад соопшти дека повторно ја отворил копнената граница со Катар, за да им овозможи на верниците да пристигнат во Мека на аџилак.
Во 2016 година 1.800 верници учествуваа на аџилак.
Околу 60.000 Иранци не можеа да учествуваат бидејќи Техеран и Ријад не успеаа да ги решат безбедносните и логистичките прашања.
Во март оваа година, Саудиска Арабија соопшти дека тие ќе можат да учествуваат на овогодинешниот аџилак.
Односите меѓу Иран и Саудиска Арабија со години се затегнати поради нивните несогласувањата околу голем број регионални прашања, вклучувајќи ја и војната во Сирија.
Се проценува дека над два милиони луѓе ќе учествуваат на овогодинешниот аџилак.
Поклонувањето во Мека е еден од петте столбови на исламот и секој верник треба да го изврши барем еднаш во животот, ако располага со средства за тоа.
Овогодинешниот аџилак започнува следната недела.
Ново на Сител
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
-

Денеска средба Муцунски - Петрова во Софија
-

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам
-

Македонија над европскиот просек: Кај нас има повеќе работоспособни луѓе отколку во ЕУ
-

Европските демократии се под закана како никогаш досега, вели германскиот претседател
-

Рускиот гас би можел да се врати во Европа додека во Украина сè уште трае војната
-

Советници на Трамп работеле за Додик, Трамп вели: Ако има судир на интереси, веднаш ќе ги отпуштам
