Повеќето Шкотланѓани не сакаат нов референдум за независност
Повеќето шкотски избирачи не сакаат нов референдум за независност од Обединетото кралство, покажуваат резултатите од анкетата на „Кантер“, цитирани од британските медиуми.
Откако Шкотланѓаните не го поддржаа Брегзит и масовно гласаа за останување во ЕУ, Владата на Шкотската национална партија побара нов референдум за независност, на кој Лондон се спротивстави.
Според истражувањето на „Кантер“, барањето на првиот министер на Шкотска, Никола Старџен, за органиизирање нов референдум во есента 2018 или пролетта 2019 година, има поддршка од само 26 отсто од анкетираните вкупно 1.060 лица, додека 46 отсто се изјасниле против референдум.
Доколку, сепак, се свика референдум, тогаш 55 отсто ќе гласаат против независност и едвај 37 отсто ќе го поддржат излезот од Обединетото кралство.
На референдумот во 2014 година 55 отсто од Шкотланѓаните се изјаснија против независност од Велика Британија.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова победник кај гласачите од дијаспората
-
ЈО: Изборниот ден генерално помина без поголеми нарушувања и пријави
-
Силјановска Давкова: Очекувам да го зацврстам резултатот
-
Таравари: Има поткуп на гласови од оџи и од функционери на ДУИ
-
Пендаровски: Бев оптимист по првиот круг, со бојкотот се оштетуваат моите потенцијални гласачи
-
Муцунски: ДУИ загуби дупло, бојкотот не им успеа и одат во опозиција
-
Реакции на странски медиуми за парламентарните и за претседателските избори во нашава држава
-
Затворени гласачките места