Бизнис
14. October 2024 - 16:37

Повисоки плати и за медицинскиот персонал - Буџетот се полни добро

Се прават последните подготовки за предлог буџетот за следната година. Оваа среда или до крајот на месецот  ќе треба да го усвои Владата, по што ќе се најде пред пратениците. Министерката Кочоска не откри детали колку ќе изнесува , само најави дека во него ќе има за повисоки плати на медицинскиот персонал. По  зголемување на платите во образованието, вели дека мора да се покачат и платите на вработените во здравството, не но на докторите, чии плати изминатиот период  бележеле пораст

- Очекуваме сега и во здравството да видиме, особено за медицинско-техничкиот персонал. Докторите ги исклучувам овде бидејќи тие во минатото имаа повеќе покачување. Не велам дека можеби нема да бидат опфатени, но фокусот ни е повеќе на техничките служби, медицинските сестри“, вели министерката

Ако се полни буџетот со ваква динамика, како во изминативе 100 дена - ќе има и за покачување  на платите во  другите сектори, вели Кочоска. Најголема наплата има токму во Царината. Директорот вели дека натрфиле во сите области.

- Царинска управа во периодот од први јули заклучно со 8 октомври наплати вкупни приходи од 35,4 милијарди денари (576,4 милиони евра), што е за 3 милијарди денари (48,7 милиони евра) или 9,2 проценти повеќе од истиот период минатата година. Бројот на случаи на заплени во овој период е зголемен за 60,2 проценти, а бројот на пријави за сторени кривични дела поднесени од страна на Царинската управа е зголемен за речиси три пати, изјави Бобан Николовски, директор на Цариснка Управа

Во моментов во Собранието е доставен  предог закон за дополнителен  директор на Царинската управа. Николовски не гледа ништо спорно покрај директор  и заменик  да има уште еден – дополнителен директор, во време кога во многу институции се кратат функции, поради дуплирање на надлежностите и трошоците за плати.