Повторно дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје
– На меил адреси на осум средни училишта во Скопје денеска повторно била упатена закана за поставена експлозивна направа, потврди за МИА портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Станува збор за училиштата „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“, „Панче Арсовски“, „Никола Карев“, „Владо Тасевски“ и „Михајло Пупин“ и „Цветан Димов“.
-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се презематаа мерки за расчистување на случајот, соопшти Ангеловски.
Скопските средни училишта изминатиот период повеќепати добиваа закани за поставени бомби, за кои полицијата утврди дека биле лажни.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна изјави дека станува збор за хибридни закани и оти очекува истрагата за лажните дојави на бомби наскоро да заврши.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости