Македонија
8. јуни 2023 - 16:40

Правна конференција за заштита на лични податоци

Денес во нашата држава за жал и после децениските напори повторно сведочиме на низа истражувања кои укажуваат на сериозно висок процент на недоверба во правосудниот систем истакна претседателот на здружението на правници Стевица Јосифовски на отварањето на правната конференција за заштита на лични податоци .Сведоци сме на константни промени и предизвици кои не ги поштедуваат сите останати  професии  вклучувајќи ги и правниците.

Вториот чинител кој што е одговорен за актуелната состојба сме токму ние потенцира претседателот на здружението на правници Јосифовски затоа што и законодавната и извршната власт практикувајќи ја својата моќ имаат инерција да донесат одлуки во нивни најдобар интерес.

,На 85 тата средба правниците дискутираат за Најчестите наоди при супервизија од областа на заштитата на лични податоци,Правата на одбраната и оштетниот во истражна постапка ,Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам и Законот за платежни услуги и платни системи .Целта на правната конференција која што се одржува во Охрид е споделувања на искуства и насоки чинејќи ја примената на правото ефикасна достапна и квалитетна.