-->
-->
Прегазен пешак на патот Битола-Прилеп
-->
Вчера во 23:20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп кај село Долно Српци патничко моторно возило форд со бугарски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(45) од Битола (женско лице) удрило во Џ.Ф.(52) од Албанија.
На местото на несреќата починал пешакот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото, констатирани во Клиничката болница Битола, соопштија од МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток