Loading Video...
Свет
3. September 2024 - 16:32

Преглед на вести од светот

ЗЕЛЕНСКИ: НАД 40 МРТВИ И 180 РАНЕТИ ВО РУСКИ РАКЕТЕН НАПАД ВРЗ ПОЛТАВА

Руските сили извршија напад врз  градот  Полтава, во кој загинаа најмалку 40 лица а над 180 се повредени  објави  Претседателот на Украина. Според Зеленски , два балистички проектили удриле на територија на образовна институција и соседна болница. Руски воени канали на Телеграм објавија дека мета на нападот бил тренинг-центар на украинската војска и дека жртвите се воени регрути.

 

НАМЕСТО ДА ГО УПАСАТ, МОНГОСКИТЕ ВЛАСТИ СО СВЕЧЕНА ЦЕРЕМОНИЈА ГО ДОЧЕКАА ПУТИН

Наместо да го упасат , монголските власти со свечена церемонија го пречекаа Путин. Молдавија е прва членка  на мегуанродниот кривичен суд  која ја посетил рускиот лидер откако судот побара негово апсење  во 2023 година за воени злосторства.  Но, монголските власти  одлуија да не го уапсат и да го предадат на судење во Хаг. Односите со Монголија се меѓу приоритетите на на руската надворешна политика во Азија рече Путин на средбата  со неговиот  монголски  колега Хурелсух. 

-Односите со Монголија се меѓу приоритетите на нашата надворешна политика во Азија. (Тие се доведени до високо ниво на сеопфатно стратешко партнерство. „Гледаме добри перспективи ВО соработката со гасот. Финализирана е проектната документација за гасоводот „Сојуз Восток“, кој е во должина од над 1.000 километри што ќе ги поврзува Русија, Монголија и Кина. Во моментов се спроведува државната евалуација на проектот , одредуваме како тоа ќе влијае на животната средина истакна Владимир Путин, претседател на Русија.

Путин го покани а Хурелсух  прифати да учествува на состанокот на Брикс во Казањ,Русија кон крајот на октомври.

 

ХАМАС СО ПОРАКА СО ИЗАРЕЛ-ПРЕКУ ДОГОВОР ДА ИЗДЕЈСТВУВА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЗАЛОЖНИЦИТЕ

Хамас со порака до израелскиот премиер- заложниците  ќе бидат вратени во Израел во ковчези доколку продолжи преку воени акции наместо преку договор  да издејствува   нивно ослобдување.Нетањаху ќе мора да избере дали заложниците ќе бидат вратени мртви или живи истакна портопаролот на Хамас, Абу Обедиа.  Американскиот претседател изјави дека САД заедно со Катар и Египет се блиску да презентираат конечен предлог за договорот за  прекин на огнот и заложниците  но и упати критики до Нетањаху дека не прави доволно за да се договори со Хамас. Прашањето за  Коридорот Филаделфија долж границата помегу појасот Газа и Египет   е едно од главните спорни прашања што го попречува постигнувањето на договорот. Хамас се противи Изарел да го контролира коридорот. Нетањаху пак тврди дека мора има контрола за да ги спречи милитантите  да го користат за шверц на оружје.

-На оската на злото и треба коридорот Филаделфија и поради таа причина мораме да го контролираме коридорот во Филаделфи. Хамас инсистира од таа причина да не бидеме таму, и поради таа причина, јас инсистирам да бидеме таму, истакна Бенјамин Нетањаху, премиер на Израел.