Loading Video...
Свет
27. December 2024 - 12:14

Преглед на вестите од свет

Казахстанската влада соопшти дека засега нема официјално објаснување за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс во кој во средата загинаа 38 лица. Заменик-премиерот на Казахстан рече дека владата не може ниту да потврди ниту да негира дека авионот паднал откако над Чеченија бил погоден од проектил од рускиот систем за противвоздушна одбрана. Официјална верзија за несреќата засега нема ниту од ниту Русија ниту Азербејџан.

Инаку на местото на авионската несреќа кај Актау е пронајдена и втората црна кутија и е предадена на истражниот оддел. Авионот леташе од Баку до Грозни. Меѓу 29-те преживеани, се и две деца. Извршени се разговори со преживеаните, работниците на копнената служба и сите сведоци на овој инцидент. Преземени се снимките од радио комуникацијата меѓу екипажот и диспечерите, а во тек е истрагата на местото на несреќата, на површина од повеќе од 4.000 квадратни метри.

За авионот на „Азербејџан ерлајнс“, вонредната состојба можеби била предизвикана од удар на птица. Но, воздухопловниот експерт сугерираше дека причината изгледа малку веројатна.

Анкетата објавена минатата недела за јавниот радиодифузен сервис ХРТ покажа дека во пресрет на неделните претседателски избори во Хрватска  актуелниот претседател Зоран Милановиќ има водство во споредба за неговиот најблизок ривал, Драган Приморац, поддржан од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ од владејачката Хрватска демократска заедница.

Независната кандидатка, Марија Селак Распудиќ, е далеку  на трето место.

Хрватскиот претседател има овластување да го номинира премиерот врз основа на изборните резултати, може да го распушти парламентот и да дејствува како началник на вооружените сили со некои зборови во надворешната политика. Осмите претседателски избори во Хрватска ќе се одржат во недела на 29.декември. Денеска е последен ден од кампањата за избор на полноќ стапува на сила изборниот молк

„Околу 18.000 Сиријци се вратија во својата земја од падот на режимот на Башар ал Асад на 8 декември 2024 година до денеска“, изјави јорданскиот министер за внатрешни работи Мазен ал Фараја за државната телевизија Ал Мамлака.

Јордан, и Сирија имаат 375 километри заедничка граница. Јорданските власти соопштија дека примиле околу 1,3 милиони раселени лица од почетокот на војната во Сирија во 2011 година.