Loading Video...
Свет
2. April 2026 - 16:35

Преглед на вестите од светот

По 32 дена воени операции на САД, Иран навистина повеќе не е закана. Ја уништивме морнарицата и воздухопловните сили на Иран. Ги уништивме неговите балистички ракети и нуклеарна програми. порача Трамп во обракањето до нацијата. Истакна дека САД ќе продолжат да напаѓаат цели во Иран со уште поголема сила во наредените денови, но не изнесе конрекетен план за завршување на војната.

-Благодарение на напредокот што го постигнавме, вечерва можам да кажам дека сме на добар пат наскоро да ги завршиме сите воени цели на Америка. Многу наскоро. Ќе ги удриме исклучително силно во следните 2 до 3 недели. Ќе ги вратиме во каменото доба каде што им е местото. Во меѓувреме, дискусиите се во тек. Промената на режимот не беше наша цел. Никогаш не рековме промена на режимот, но промената на режимот се случи поради смртта на сите нивни првични водачи. Сите се мртви. Ако нема договор, ќе ги погодиме сите нивни електрични централи многу силно, изјави Доналд Трамп.

Реагираше иранска војска. Местата за кои верувате дека сте ги таргетирале се незначителни, а нашето стратешко воено производство се одвива на локации за кои воопшто не сте свесни и никогаш нема да можете да ги достигнете истакна портаролот Ебрахим золфакари.

-Како што рековме претходно, им кажуваме на американско-ционистичките непријатели: вашите информации за нашите воени капацитети, моќ и опрема се нецелосни. Не знаете ништо за нашите огромни и стратешки капацитети. Со доверба во Семоќниот Бог, оваа војна ќе продолжи се до вашето понижувњање, срам и неповратно жалање и конечено предавање, изјави Ебрахим Золфакари, порпарол на воената команда на Иран.

Илјадници луѓе се убиени низ Блискиот Исток од 28 февруари, кога САД и Израел го нападнаа Иран, предизвикувајќи ирански напади врз Израел, американските бази и земјите од Персискиот Залив. Израел отвори и нов фронт во Либан. Конфликтот, го натера Иран да го затвори Ормутскиот теснец - клучен воден пат што пренесува околу една петтина од глобалните залихи на нафта.

НАСА го испрати првиот екипаж кон Месечината по повеќе од 50 години, во рамки на мисијата Артемис два. Лансирање се случи од вселенскиот центар Кенеди во Флорида каде што капсулата Орион беше поставена на 98 метарската  ракета Систем за лансирање во вселената.

-Знаете, ова е историски ден за Америка. А враќањето на луѓето на Месечината е голем чекор во американската историја. Кристофер Макини, Флорида.

-Возев 8 часа од Каролина за да бидам тука со сите вас. Тоа е толку прекрасен настан. И овој настан може да ја обедини оваа прекрасна земја, вели  Раџан Џиани, Јужна Каролина.

Екипажот, составен од астронаутите на НАСА, Рид Вајзман, Виктор Гловер и Кристина Кох, и астронаутот на Канадската вселенска агенција, Џереми Хансен, испрати први снимки од вселаната. За време на десетдневната мисија, планирано е да се обиколи Месечината.

НАСА планира да слета на Месечината во 2028 година, а Артемис 2 треба да ги подготви условите за тоа, односно да се тестира капсулата Орион со човечки екипа за прв пат и астраонаутите да фотографираат делови од површината на Месечината, вкличително и нејзиниот јужен пол.

-Тоа е неверојатно важно бидејќи ќе научиме многу од ова за да ги информираме следните мисии. Значи, по кратка пауза од 54 години, НАСА се враќа во бизнисот со испраќање астронаути на Месечината, изајви, Џаред Ајзакмен, администратор на НАСА.