Loading Video...
Свет
15. April 2026 - 16:44

Преглед на вестите од светот

Иранската војска издаде предупредување дека би можела целосно да го блокира поморскиот сообраќај во Персискиот Залив, Оманското Море и Црвеното Море ако Соединетите Држави продолжат со поморската блокада на Ормутскиот теснец насочена против трговијата со Иран.

Мерката се однесува бродови што доагаат од иранските пристаништа или пловат кон нив а старуваше пред два дена.

Од Централната команда на војската на САД тврдат дека ниту еден брод не ја прекршил  блокадата.

-Целосно ја запревме економската трговија што влегува и изглеува од  Иран по море, објави ЦЕНТКОМ на Х.

-САД и Иран можно е да постигнат мировен договор до крајот на месецот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп и најави нова рудна разговори до крајот на неделата.

Техеран засега не потврди нов состанок. Според попретседателот на САД, Венс кој  беше вклучен во разговорите минатиот викенд во Пакистан истакна дека постои голема недоверба помегу Вашингтогн и Техеран што не може да се реши преку ноќ. Ванс рече и дека примирјето со Иран се почитува и дека претседателот Трамп сака сеопфатен договор со Техеран.

-Тој не сака мал договор. Во Пакистан, постигнавме многу напредок, но причината зошто договорот сè уште не е постигнат е затоа што претседателот, тој навистина сака договор каде Иран нема нуклеарно оружје, Иран не е држава што го спонзорира тероризмот, туку и народот на Иран може да напредува и да напредува и да се приклучи на светската економија, изјави Џеј Ди Венс, потпретседател на САД.

Шефот на МААЕ предупредува дека без инспекции нема веродостоен договор, Бара вклучување на агенцијата во секој иден договор.

-Иран има многу амбициозна широка нуклеарна програма. Значи, сето тоа ќе бара присуство на инспектори на МААЕ. Во спротивно, нема да имате договор. Ќе имате илузија за договор, изјави Рафаел Гроси, генерален директор на МААЕ.

Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, која однесе убедлива победа на парламентарни избори во Унгарија, побара од претседател Тамаш Шујок да поднесе оставка веднаш по формирањето на новата влада. Пред денешната средба во претседателската резиденција, Маѓар изјави дека Шујок треба да се повлече од функцијата за да се испочитува волјата на граѓаните за промена.

Во спротивно, најави дека неговата партија ќе иницира уставни измени за да ја оствари оваа цел.

-Тамаш Суљок е недостоен да биде чувар на владеењето на правото во Унгарија. Тамаш Суљок е несоодветен да биде морален стандард, да биде пример за унгарскиот народ, па затоа, како што повторувам уште еднаш, по формирањето на новата влада, тој мора да ја напушти својата канцеларија, изјави Петер Маѓар, лидер на Тиса.

И додека Маѓар решаваше крупни политички прашања за Унгарија, тој успеа на соседниот балкон во палатата да го сними и Орбан. При тоа на Фејсбук шеговито напиша:

Што мислите, што чита Виктор Орабн?

А) Неговиот проштален говор; Б) Национаналниот спорт или В) Изјавата на Доналд Трамп денес?