Преглед на вестите од светот
Двонеделното примирје помеѓу САД Иран истекува утре. Се уште е нејасно дали воопшто ќе има преговори за негово продолжување. Белата куќа соопшти дека американскатаа делегација предводена од потпретседатело Џеј Ди Венс денеска ќе замине за Исламабад. Разговорите со Ираската делегација, Трамп ги најави за утре.
Техеран се уште не донел одлука дали да продолжат со мировниот процес изјави претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач Мохамед Бакер Галибаф.
„Доналд Трамп, со наметнување поморска блокада и кршење на прекинот на огнот, запленеиот ирански товарен брод, сака, според него, да ја претвори оваа преговарачка маса во маса за предавање или да оправда обновено поттикнување на војна. Ние не прифаќаме преговори под сенка на закани, а во текот на изминатите две недели се подготвувавме да откриеме нови карти на бојното поле напиша Калибаф на Х.
Американскиот претседател, возврати – ќе преговарааат, а ако не го сторат тоа, ќе се соочат со проблеми какви што никогаш не виделе.
Ираците со поделени мслење за разговорите со САД.
-Не преговараме. Зошто да преговараме кога другата страна лаже? Зошто? Кога Трамп вели дека што и да каже мора да се направи, зошто да го прифатиме?
„Според мене, Иранците треба да учествуваат во преговорите. Разговорите ќе вродат со плод. Можеби ќе има некои препирки неколку дена, но на крајот ќе дадат резултати.“
Вооружен напаѓач од засега непознати причини отворил оган врз туристи на археолошкиот локалитет Теотихуакан во Мексико, при што загинал еден посетитил а 13 се повредени. Жртвата е 32 годишна државјанка на Канада а меѓу повредените има туристи од Колумбија, Канада, САД, Бразил и Русија. Напаѓачот по нападот си го одзел живтот. На местото биле пронајдени огнено оружје, нож и муниција, соопшти полицијата.
Властите спроведуваат истрага. Се анализираат сите околности, изјави претседателката на Мексико. Инцидентот се случува во исклучително чувствителен период, само неколку недели пред почетокот на Светското првенство во фудбал 2026, чии домакини се Мексико, Канада и Соединетите држави. Локалитетот Теотихуакан е една од најпосетуваните туристички атракции во Мексико, со над 1, 8 милиони посетители годишно.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
