Loading Video...
Свет
16. March 2024 - 16:38

Преглед на вестите од светот

Укрианската армија изврши повеќекратни напади врз Русија утрово при што загинаа најмалку три лица во пограничен град Белгород и погодија нафтена рафинерија во областа Самара соопштија руските власти.  Претседателот на Уркаина синоќа вети дека Русија ке добие фер одоговор од силите на Киев по нападот  врз Одеса , во кој како што тврди Зеленски загинале 21 лице.

-Два проектили. Вториот беше лансиран кога спасувачите и лекарите пристигна на местото на ударот. Меѓу загинатите и повредените има и болничари, спасувачи од службата за итни случаи. Мое сочувство до роднините! Десетици повредени.Нашите одбранбени сили сигурно ќе направат се за да се погрижат руските убијци да го почувствуваат нашиот праведен одговор, истакна Володимир Зеленски, претседаател на Украина .

Украинските напади  се случија  на вториот ден од  гласањето  за шеф на Кремљ. Путин,  го обвини Киев дека се обидува да ги наруши изборите.

Во обид да се наруши гласачкиот процес и да се заплашат луѓето, барем во регионите што граничат со Украина, киевскиот неонацистички режим има испланирано и се обидува да спроведе низа криминални демонстративни вооружени дејствија“.За жал, имаме жртви меѓу цивилите. Овие непријателски напади не се и нема да останат неказнети изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Гласањето за претсдетаел на Русија   трае до утре Покрај  Путин кој бара петти мандат и владеење уште  6 години, ,претседателски кандидати се и Владислав Даванков од партијата „Нови луѓе“, Леонид Слуцки од Либерално-демократската партија и Николај Харитонов од Комунистичката партија.  

 

Израелската влада го  одобри планот за копнен  напад на градот Рафах, дом на  повеќе од милион раселени палестинци од другите делови на Појасот Газа.  Премиерот Бенјамин Нетањаху твди дека Рафах е едно од последните упоришта на  палестинската милитантна група Хамас, кој вети дека ке ја уништи. Цивилите  ке бидат евакураи пред офназивата истакна Нетењаху. Соединетите   држави  сакаат да го видат планот а ОН го повикаа Нетањаху да  го одложи нападот на Рафах поради страв од масовни цивилни жртви.

-последиците од копнената операција во Рафах во сегашните околности би биле катастрофални за луѓето во Газа, за Палестинците. Тоа би било катастрофално за хуманитарната ситуација. Би било катастрофално насекаде. Многу се надеваме дека сето ова може да се избегне, СТЕФАН ДУЈАРИЌ, портпарол на обединетите нации.

 

Објавен датумот за почеток на најголемите избори во светот - на 19 април почнуваат парламентарните избори во Индија. Речиси една милијарда гласачи ќе излезат на гласање во седум фази. Изборите ќе траат до 1 јуни и ќе учествуваат повеќе од 2.400 политички партии. Премиерот Нарендра Моди на изборите ќе се обиде да освои трет последователен мандат.. Резултатите се очекуваат на 4 јуни.