Loading Video...
Свет
10. April 2024 - 20:25

Преглед на вестите од светот

Израел  нема оправдување да ја блокира помошта за гладните  цивили во Газа порача претседателот на САД. Во интервју   за американска тв мрежа на шпански јазик  Бајден  оцени дека пристапот на премиерот Нетањаху за војната во Газа е погрешен и испарти порака до властите во Тел Авив.

Израелците да повикаат на прекин на огнот „за да се овозможи целосен пристап до храна и лекови во следните шест или осум недели рече Бајден.

Израелската   армија објави дека  вчера   во појасот Газа влегле 468  камиони со хуманирана помош, што претставува најголем број камиони со помош од почетокот на војната помеѓу Израел и палестинскиот Хамас, соопшти израелската армија.. Сепак, ОН  соопштија дека се уште не е исполнет мининамалниот минимум за да се задоволат хуамнитарните потреби.  Пред почетокот на војната дневно во Газа влегувале околу 700 камиони со хуманитарна помош. 

Делови од  Русија и Казахстан со денови се борат со поплави  откако Урал третата најдолга река во Европа се излеа од коритото, поради брзото топење на снегот од  планините Урал  , принудувајќи над 100.000 луѓе да се евакуираат.  Повеќе  10 400 домови  се под вода  во  рускиот регион Оренбург откако реката Урал брзо се искачи над критичното ниво од 9,3 метри. Анагажирана е и војската.  Најлошо е во градот Орск.

-Никогаш немало ваква поплава. Имаше поплава во 2000 година, но нивото на водата не стигна овде, вели  Елена Шемет, жителка на Орск.

Прес службата на рускиот претседател соопшти дека Путин  посотјано добива информации   за ситуацијата, но дека засега нема план да ја посети поплавената зона.

Телото на малата Данка Илиќ се уште не е пронајдено. Припадници на Управата за криминалистичка полиција  од Белград и Бор  и денеска се во селото Злот.  Со посебна опрема ја прегледуваат околината на куќата на  едниот од осомничените за убиството на двегодишното  девојче.  Двајцата осомничени за убиството беа уапсени пред седум дена. Го признаа делото  но но сакаат да откријат каде е телото.