Loading Video...
Свет
13. August 2024 - 20:06

Преглед на вестите од светот

Седумгодишно дете го застрелало својот татко полицаец, со неговото службено оружје во Пловдив. Трагедијата се случила во зградата на Специјалните полициски сили во градот.

Бугарските медиуми пренесуваат дека постоеле цврсти докази дека оружјето било на застреланиот татко, но истрагата ќе покаже дали истото било соодветно складирано во моментот на инцидентот.

По трагедијата која ги потресе не само полициските сили туку целото општество, сослушана е сопругата на починатиот, која исто така е полицајка и работи како истражна службеничка. Инспекторите извршиле разговор и со детето кое било вмешано во инцидентот. Сепак, точните детали за тоа што се случи остануваат нејасни до завршување на истрагата.

18 годишен тинејџер заврши зад решетки, откако претходно избодел пет лица во турскиот град Ескишехир.

Носејќи шлем, маска на лицето и панцир, напаѓачот избодел пет лица кои седеле во градината на џамијата, оставајќи двајца во критична состојба.

Турските медиуми повикувајќи се на свои извори, пишуваат дека 18-годишникот го извршил нападот под влијание на видео игри.

Обвинителите започнаа истрага за инцидентот.

Кандидатот за претседател Доналд Трамп вчера имаше тричасовно интервју со Илон Маск на социјалната мрежа Твитер. Ама разговорот кој се емитуваше во живо беше прекинат од хакерски напад, па двајцата имаа принудна пауза од околу 40 минути.

Пристапот на Трамп до неговиот профил на социјалната мрежа Х е вратен откако Маск стана сопственик. Претходните сопственици го симнаа од мрежата поради нападот на Конгресот на 6 јануари 2021 година, за којшто обвинија дека е оркестриран од Трамп и неговите соработници.

На крајот од тричасовниот разговор, Маск повторно го поддржа Трамп и ги повика умерените гласачи да го сторат истото