Loading Video...
Свет
13. October 2024 - 16:41

Преглед на вестите од светот

Скапиот живот, војната во Украина и односите со соседите доминираат меѓу темите во пресрет на парламентарните избори кои денеска се одржуваат во Литванија.

Според последните анкети големи се шансите Литванија да добие нова Влада имајќи предвид дека владејачката коалиција на десниот центар има поддршка од само 9% од гласачите двојно помалку од опозицијата која ја предводат социјалдемократите.

Израелската армија го прошири нападот на северот на Појасот Газа,  што принуди многу семејства да ги напуштат своите домови, пишува Ројтерс.Министерството за здравство на Газа, кое го води Хамас, соопшти дека десетици биле убиени во осумдневните израелски напади во северниот дел на Газа.

Либанската група Хезболах денеска соопшти дека синоќа двапати се судрила со израелските војници во близина на пограничното село Рамија во јужен Либан.
Во исто време, утринава на северот на Израел беа активирани сирени за предупредување за заканувачки ракетен напад од Либан.

Најмалку две лица загинаа, а 22 се ранети во руските напади во Украина во последните 24 часа, соопштија украинските власти.

Русија објави дека нејзините единици за противвоздушна одбрана во текот на ноќта собориле 13 украински беспилотни летала над три региони кои граничат со Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека силите на Киев се држат на терен во рускиот пограничен регион Курск и покрај рускиот притисок.