Loading Video...
Свет
21. October 2024 - 16:39

Преглед на вестите од светот

По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, попладнево уапсен е Илир Мета, поранешен албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата. Според албанските медиуми, Мета се наоѓал во близина на трговскиот центар „Каса Италија“ во Тирана во моментот на извршување на наредбата на СПАК. Полицијата и СПАК сѐ уште немаат објавено официјално соопштение за апсењето на Илир Мета. Мета е обвинет за перење пари, корупција и непријавување имот, пренесуваат албанските медиуми.

Турскиот исламски  проповедник Фетулах Ѓулен, почина во САД на 83-годишна возраст, објави семејството на Гулен. Починал од кардиоваскуларни проблеми. Ѓулен изгради моќно исламско движење во Турција и беше некогашен созјуник на турскот рпетседател Реџеп Таип Ероган, но нивните однсони драматично се влошија. Ѓулен беше обвинет од страна на Анкара дека стои зад  обидот за државен удар против претседателот Реџеп Таип Ердоган во 2016 година. Неговот движење ФЕТО беше прогласено за терористичко, а бројни поддржувачи беа прогонувани и во Турција и во странство. Ѓулен живееше во американската сојузна држава Пенсилванија од 1999 година во самонаметнат егзил. Анкара неколку пати бараше негова екстрадиција од САД.

Доналд Трамп околу 14 минути беше работник во ресторан на Мекдоналдс во Пенсилваија. Без сако, со престилка и засукани ракави. Републиканскиот претседателски кандидат научи  да подготува помфрит а и ги послужуваше муштериите.

Притоа,Трамп  ја обвини неговата противкандидатка, демократаката Камала Харис дека само се фалела дека работела во синџирот за брза храна за време на нејзините години на факултет. Харис лаже. никогаш не работала во Мекдоналдс, рече Трамп но не даде докази за да го поткрепи тоа. Од тимто на Харис нема коментар за обвнувањата на Трамп.