Loading Video...
Свет
15. November 2024 - 12:34

Преглед на вестите од светот

Припадници на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал утрово организираа голема акција во која упаднаа и во домот на актуелниот министер за здравство Вили Берош.

При што е направен и претрес.Премиерот Андреј Пленковиќ го разреши министерот и ја именуваше државнака секретарка Ирена Хрстиќ, за замена до именувањето на новиот министер.

Неколку стотици пропалестински ориентирани луѓе протестираа поради доаѓањето на израелската фудбалска репрезентација во Франција синоќа пред одигрувањето на фудбалскиот натпревар Франција-Израел од Лигата на нациите. Дипломатските односи меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и израелскиот лидер Бенјамин Нетанјаху се затегнати поради израелската војна во Газа. Околу 4.000 полицајци беа поставени да го обезбедуваат настанот, распоредени на стадионот, надвор од теренот и во јавниот превоз, соопшти париската полиција.

За време на натпреварот беа дозволени само француските и израелските знамиња на стадионот. Дуелот заврши без голови 0-0.

Израелски воздушен напад во четвртокот погоди зграда во јужното предградие на Бејрут. Со тоа Израел ја продолжува офанзивата врз Бејрут, продолжувајќи го своето невообичаено интензивно бомбардирање на областа трет ден по ред. Израелските напади врз областа главно се случуваат ноќе, но оваа недела се случуваат и наутро.

Петнаесет лица загинаа во израелските напади врз станбени згради во Дамаск во текот на вчерашниот ден објавија сириските државни медиуми. Израел соопшти дека нападите биле насочени кон воени локации и штабот на групата Исламски џихад. Израел со години изведува напади врз цели поврзани со Иран во Сирија, но ги засили таквите напади по минатогодишниот напад на палестинската милитантна група Хамас врз Израел на 7 октомври, што ја предизвика војната во Газа.

Израелски напад погоди училиште во кое се засолнети раселените семејства во градот Газа, при што загинаа четири лица. Преживеантите се обидувале да го изгаснат пожарот, бидејќи од зградата излегувал чад.