Преглед на вестите од светот
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) информира за силни експлозии во близина на Запорожје АЕЦ.
Оваа информација се совпаѓа со извештаите за напад со дрон врз тренинг центарот поврзан со украинската атомска централа, која е под контрола на Русија од март 2022 година – веднаш по почетокот на војната.
– Нема жртви ниту оштетувања на Запорожје АЕЦ, изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Мариано Гроси. Тој прецизира дека тренинг центарот се наоѓа надвор од периметарот на најголемата атомска централа во Европа. Во регионот на Запорожје АЕЦ често има гранатирања, за кои двете страни во конфликтот си ја префрлаат вината.
Илјадници Црногорци се собраа во градот Цетиње во неделата попладне на комеморацијата на 12-те жртви од масовното убиство минатата недела. Мислењето на многумина е дека полицијата не сторила доволно за да го спречи дивеењето на вооружениот напаѓач.
Во злосторството 45-годишниот Ацо Мартиновиќ во средата на 1 јануари уби 12 луѓе, меѓу кои две деца, а подоцна им подлегна на повредите откако самиот пукаше во себе. Граѓаните на Цетиње палеа свеќи пред црквата во Цетиње блиску до местото каде што почна пукањето и стоеја во тишина 12 минути во чест на жртвите.
ИЗЈАВИ ГРАЃАНИ
Германската Социјалдемократска партија (СПД) на канцеларот Олаф Шолц го обвини опозицискиот конзервативен политичар Родерих Кизеветер за ширење лажни информации за наводна планира средба помеѓу Шолц и рускиот претседател Владимир Путин пред предвремените парламентарни избори во Германија, закажани за 23 февруари, пренесува ДПА.
Лидерот на парламентарната група на СПД, Ролф Мицених, изјави дека изјавата на Кизеветер е „чисто фабрикување“. Генералниот секретар на СПД, Матијас Мирш, додаде дека тврдењето е „подмолно и ниско“. Кизеветер на платформата „Икс“ објави дека „канцеларот Шолц може да отпатува во Москва за средба со Путин пред изборите“.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар