Loading Video...
Свет
19. January 2025 - 17:06

Преглед на вестите од светот

Долгоочекуваниот прекин на огнот во појасот Газа стапи во сила. Наместо во 8:30 часот по локално време, оружјето се стиши три часа подоцна. Причината е дека Хамас не успеа навреме да му ги даде на Израел имињата на тројцата заложници кои во текот на денот ќе бидат ослободени.  По 15 месеци заробеништво на слобода ќе се најдат 23 годишната Роми Гонен, 28 годишината Емили Дамари и 31 годишната Дорон Штајнбрехер. До крајот на првата фаза од  трифазниот договор  која ќе трае 42 дена Хамас треба да пушти уште 29 заложници.

-Мојата убава, смешна и храбра ќерка, која ја сакам до месечината и назад, заслужува да се врати дома. Треба повторно да ја гушнам и да ја видам нејзината насмевка. Обидете се да замислите низ што минува: од 7-ми октомври минатата година, изјави Манди Дамари, мајка на Емили Дамари. 

-„Роми е сонце. Таа носи светлина и топлина на секое место каде што ќе влезе. Таа ќе го освои сечие срце и ќе се погрижи сите околу неа да бидат многу среќен и со позитивна енергија вели Итан Гонен, татко на Роми.

За секој ослободен заложник Израел денеска ќе ослободи 30 палестински затвореници. Согласно договореното во првата фаза Израел ќе ослободи меѓу 990 и 1650 палесински затвореници и притвореници.

Првата фаза влучува и враќање на раселените палестинци во северна Газа, зголемување на хуманитарната помош во Газа и повлекување на израелските војници од густо населените области во појасот Газа.

-Среќни сме што извојувавме победа и ќе се вратиме  во нашите домови, но во нашите срца сме крајно тажни поради изгубените маченици и поради палестинскиот народ. Има тага во нашите срца. Не сме целосно радосни. Тажни сме за изгубените маченици, мажи, жени, деца и целиот народ. Изгубивме многу луѓе, изјави Закија Ал-Масри, раселена палестинка.
Прекинот на огнот, донесе оставка во израелската влада. Министерот за национална безбедност Бен-Гвир кој долго време се противеше на договор со Хамас утрово се повлече од функцијата.

Стартот на  примијетото, борците на Хамас го прославија по улиците во градот Деир ал Балах.

-Бог е најголем, и благодарение на Бога. Му го објавуваме тоа на Нетанјаху, еве го денот кога ќе се наведнеш на колена со целата своја фашистичка, нацистичка влада, вели борец на Хамас.

До почетокот на примирјето, Израел продолжи да изведува напади врз Газа, при што утрово  загинаа 19 луѓе, соопшти агенцијата за цивилна одбрана на Хамас.

Денеска ТикТок престана да работи во САД .170 милиони корисници остнаа без Тик Ток бидејки стапи во сила законот со кој се забранува попуалрната апликација за кратки видеа. Американските корисници добија порака во која се вели дека поради законот, не можете да го користите Тик Ток засега. Претседателот во заминување Џо Бајден кажа дека ќе му го остави прашањето околу ТикТок на неговиот наследник Доналд Трамп.

Трамп пак најави дека најверојатно ќе му даде на ТикТок одложување на забраната од 90 дена кога ќе стапи на функцијата в понеделник. Врховниот суд во петокот го потврди законот, усвоен во април минатата година, со кој се забранува апликацијата во САД поради загрженост за националната безбедност, освен ако кинеската компанија Бајт Денс, не ја продаде апкикацијата до 19 јанаури на одобрен амеракански купувач, што не го стори.

Јужнокорејскиот суд му го продолжи притворот на соборениот претседател Јун Сук-Јол за 20 дена, што предизвика насилни протести на стотици негови гневни поддржувачи кои упаднаа во зградата на судот и ги искршија прозорците. Во средата, Јун стана првиот актуелен јужнокорејски претседател кој беше уапсен, обвинет за бунт во врска со неговото прогласување воена состојба на 3 декември.

Се закануваат со блокади на патиштата, што може да предизвика проблем и за патниците и возачите од Македонија и од Бугарија. Земјоделците во четврток ќе ја организираат првата блокада во северниот дел на Грција. Земјоделците бараат даночни олеснувања и повторно преговарање за заедничката земјоделска политика со ЕУ.