Премиера на „Странци“ во Драмски театар
Во Драмски театар вечер ќе биде премиерно изведена претставата „Странци“, во режија на Нела Витошевиќ.
Драмски ја најави претставата како фасцинантна, моќна приказна со сосема поинаква естетска димензија, остварување кое ќе биде вид бренд и кое, покрај актуелната, ќе донесе нова, поразлична публика.
Текстот е по сценариото на италијанскиот филм „Перфектни странци“, а играат Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Билјана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург е Викторија Рангелова Петровска, сценограф Константин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа Ристовска, а композитор Огнен Анастасовски.
Станува збор за „драмомедија“ (драма+комедија) во која седум пријатели играат игра, споделувајќи ги пораките, разговорите и фотографиите од своите мобилни телефони, како и комуникациите преку социјалните мрежи со што си ги откриваат личните тајни и отвораат болни конфликтни ситуации.
„Странци“ трае еден час и 40 минути, а предпремиерно беше прикажана синоќа.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија