Претставен проектот за управување со сливот на реката Брегалница
Проектот за управување со сливот на реката Брегалница денеска беше презентиран во Кочани. Проектот е финасиран од Швајцарската влада, а имплементиран од Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На презентацијата присуствуваа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од Источниот плански регион, како и градоначалници од 15-те општини вклучени во проектот.
- Ја претставивме финалната верзија на Планот за управување со речниот слив на Брегалница, со кој по четиригодишна успешна подготовка можеме да бидеме задоволни. Финалната верзија на планот е резултат на истражувањата на терен и се надеваме дека наредните шест години со овој план ќе имаме и подобрена состојба со сливот на реката Брегалница. Во ова многу ни помогаа и општините од регионот кои се заинтересирани за заштитата на сливот на реката, истакна Владимир Ставриќ, заменик проектен менаџер.
Тој истакна дека за реализација на овој план се инвестирани 4 милиони швајцарски франци, донација од швајцарската Влада и 8 илјади франци учество на општините од регионот и на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Од овие средства, истакна Ставриќ, досега се потрошени половината за реализација на 18 мали инфраструктурни проекти во 15 општини од сливот на Брегалница, од кои 15 мали проекти по првиот повик и 3 прокти по вторниот повик.
По презентацијата на Проектот за управување со сливот на реката Брегалница беа доделени сертификати за успешно реализирани мали инфраструктурни проекти на сите 15 општини од Брегалникиот регион.
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.