Македонија
21. јуни 2024 - 11:28

При рушење на стара куќа пронашол карабин

Вчера во 10.00 часот во Полициското одделение Мирковци, Г.Г.(51) од с.Кучевиште, скопско, пријавил дека на 19.06.2024 околу 17.00 часот, при рушење на стара куќа со багер, пронашол една пушка – карабин, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а пушката била безбедно подигната за понатамошна постапка.