Продолжуваат обвинувањата за сексуално насилство кон глумецот Арми Хамер
Првата жена која го обвини глумецот Арми Хамер за сексуално насилство, а која претходно претпочиташе да остане анонимна, излезе во јавноста со своето име.
Се работи за извесна Ефи (24), од Европа. Таа се појави пред новинарите со својата адвокатка Глорија Алред, но не го откри своето презиме.
Ефи била во контакт со него во периодот 2016 – 2020 година, и тврди дека за тоа време, тој повеќекратно се однесувал насилно со неа. Според нејзиното сведоштво, во 2017. тој „насилно ја силувал“.
– Мислев дека ќе ме убие!, изјави Ефи.
Полицијата од Лос Анџелес потврди дека против Хамер е покренато обвинение уште од 3 февруари годинава.
На интернет пред неколку месеци се појавија извадоци од вознемирувачки интернет-разговори со, најверојатно, друга жена. Пораките што Хамер, наводно, ги испратил, содржат сексуални фантазии за силување, кршење коски и пиење крв. Тој потоа изгуби неколку филма во кои требаше да глуми. Еден од нив е „Принудна венчавка“, каде што требаше да глуми покрај Џенифер Лопез. Хамер, во своја одбрана, велеше дека обвинувањата се лага.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња