Проекти за развој на Југоисточниот плански регион од 464 илјади евра

Изработка на Регионален план со десет општини за интегрирано управување со отпад во Југоисточниот регион, изградба на мост за поврзување на руралните места во Босилово, Ново Село и Струмица, како и уредување на излетничко место покрај дојранското крајбрежје кај село Николиќ се трите проекти кои ќе се реализираат преку Центарот за развој на југоисточниот плански регион и Бирото за регионален развој кои денес потпишаа меѓусебен договор. За овие намени обезбедени се 28.451.531 денари од кои 19.904.025 преку Бирото, а остатокот од општините партнери на проектот.
- Проектот за интегрирано управување со отпад во Југоисточниот плански регион, е во вкупна вредност од 10.000.000 денари, во кој партнери се сите десет општини од Југоисточниот плански регион. Преку подготовка на овие документи ќе се овозможи планирање на отпадот на регионално ниво, и постигнување на позитивен ефект во заштитата на животната средина и зголемувањето на бројот опслужени граѓани или домаќинства, претпријатија и исчистени мали депонии кои даваат лоша слика за регионот, вели Жулиета Ѓуркова, директор на ЦРЈПЛ.
Со реализација на вториот проект треба да биде изгреден мост долг 30,7 метри помеѓу селата Бориево и Колешино за што ќе се потрошат 12.115.490 денари. Со него, се очекува полесна комуникација на жителите, полесно пренесување земјоделски производи, но и подобрена достапност до туристичките локалитети во подбеласичкиот регион.
- Третиот проект е Уредување на излетничкo местo покрај дојранското крајбрежје во село Николиќ, општина Дојран со вкупна вредност од 6.336.041 денари. Со проектот е предвидено, да се уреди излетничко место – плажа во должина од 100 метри, на крајбрежјето на Дојранското Езеро, која се протега во правец исток - запад помеѓу атарот на село Николиќ и завршува до границата со Грција, додаде Ѓуркова.
Со склучувањето на овој договор, според неа, продолжува успешната соработка помеѓу Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а Центарот за развој и понатаму продолжува да спроведува активности со кои ќе овозможи рамномерен регионален развој и подигнување на квалитетот на живот на сите граѓани во регионот.
Ново на Сител
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
-

Божиновска: Денес отвораме нова фаза за македонската енергетика, Пазарот во тековниот ден е сигурносен вентил на нашиот систем
-

Царинска управа: Лишени од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина за криумчарење на медицински препарати
-

ЈО: Побарана подготвителна постапка за четири малолетнички за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров
