Променливо облачно време со повремен локален дожд и ретки грмежи
Попладнево времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и ретки грмежи. Во текот на ноќта ќе преовладува малку до умерено облачно со слаб ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Минималните температури ќе се движат од седум до 14, а максималните од 20 до 27 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 11 до 25 степени.
Во четврток ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Во петок и за време на викендот се очекува стабилно, суво и топло време со значителен пораст на температурат
Ново на Сител
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“