Пронајдени се лични предмети, нуркачите во тешки услови пак го бараат Матеј во реката Сава
Потрагата по исчезнатиот сплитчанец Матеј Периш (27) влезе во седми ден, а нуркачите ja пребарува реката Сава со надеж дека ќе најдат некаква трага што ќе помогне во истрагата.
Дарко Ковачевиќ од „Мрежа за опасност Србија“ изјави дека со детално пребарување „најдени се траги“ кои би можеле да одговорат на прашањето каде Матеј влегол во Сава.
– Во принцип, телото секогаш се бара низводно доколку има информација дека некое лице воопшто влегло во водата на одреден простор. Но, бидејќи сега тоа не е целосно потврдено, пронајдени се некои траги. Тоа се некои лични предмети кои се пронајдени. Сега се истражува секоја можност, сите навистина се трудат да го најдат младиот човек. Сите се уште се надеваме дека ќе го најдеме во некои многу посреќни околности – изјави Ковачевиќ за српски Блиц.
Тој објасни дека нуркачите се соочуваат со исклучително тешка и напорна работа која дополнително е отежната поради слабата видливост и ниските температури.
– На брзите води видливоста е премногу мала. Буквално на растојание од рака, нуркачот не може да види и се што е направено се прави со допир. Би било невозможно да се бара целиот тој потег на допир, потребно е многу време. Второ, временските услови се лоши – овој период од годината температурата на водата е 5-6 степени, значително ја намалува подвижноста на луѓето во водата, без разлика на сите суви одела и секаква технологија. Нуркачите можат да издржат од 15-20 минути до половина час максимум, па затоа се менуваат. Тоа е како да бараме игла во стог сено на толку голема површина, а потоа чекаме некоја, каква било, конкретна ситуација, како оваа вчера. Така, пронајдени се некои траги, потрагата е стеснета, но за жал или за среќа, нуркачите не успеале да најдат ништо – изјави Ковачевиќ.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд