Просечната нето плата во ноември 29 130 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 29 130 денари, а во однос на ноември 2020 година, е зголемена за 5,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14,4 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11,5 проценти) и Информации и комуникации (11,3 проценти).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (3,9 проценти), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,5 проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2,9 проценти).
Како што информира ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 43 509 денари.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР