-->
-->
Протести во Кина против рестриктивните ковид мерки
-->
Бран нови протести против ковид рестрикциите откако во пожар во зграда во Кина починаа 10 лица.
На снимките може да се види како демонстрантите се караат со полицијата, ги разбиваат бариерите и извикуваат крај на ковид карантинот.
Локалните жители сведочат дека луѓето кои живееле во зградата која се запалила биле оневозможени да го напуштат домот поради ковид рестрикциите, а ниту против пожарните служби не добиле дозвола за пристап до објектот.
Градските власти првично ги отфрлија ваквите наводи, но потоа упатија јавно извинување додавајќи дека оние кои направиле пропуст ќе бидат казнети.
Властите во Пекинг и понатаму водат политика на нула Ковид и покрај рекордниот број на заразени во земјата и растечкиот револт кај граѓаните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава