Loading Video...
Свет
5. March 2025 - 16:39

Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања

- Пред шест недели застанав под куполата на овој  Капитол и ја пргогласив зората на златното доба на Америка. Од тој момент па натаму, тоа не беше ништо друго освен брза и непопустлива акција за ввоевдување на најголемата и најуспешна ера во историја на нашата земја. Постигнавме повеке за 43 дена отколку што повекето администрации постигнаа за четири или осум години.  А ние штотоку почнавме. 

Зборувајќи  околу 2 часа,  Трамп го одржа најдолгиот  претседателски  говор во Конгресот досега.  Го претстави планот за наредните четири години  и се пофали за одлуките и презмеенеите  мерки  во внатрешната и надворешната    политиика  во изминатите шест недели. Републиканции аплаудираа  демократите протестира  , па дури имаше и обиди да го прекинат говорот   на Трамп. .

Истакна дека бројот на илегалните преминувања на границите минатиот месец е најмал во историјата, благодарение на неговите мерки,  за  царините  рече дека државата и американците ќе имаат корист  и дека нема да попушти.

- Другите земји користат тарифи против нас со децении, а сега е наш ред да почнеме да ги користиме против тие други земји., Европската унија, Кина, Бразил, Индија, Мексико и Канада, дали сте слушнале за нив? Ќе земеме трилиони и трилиони долари и ќе создадеме работни места какви што никогаш порано не сме виделе, порача американскиот претседател. 

 Вети дека ке ја спаси американската  екомонија уништена  од претходникот Бајден,  имал план да го прошири ископот на ретки метали и критични минерали во САД, го пофали Илон Маск, за  запирање на расипничкото трошење на федералните  аганции и  странската  помош . Повторно ги изрази своите амбиици Гренланд  да стане дел до Соединетите држави. Зборувајки на темата  Украина Трамп откри дека добил писмо од Зеленски , во кое укранскиот лидер ја потврдил подготвеноста на Киев за мировни преговори и објави   дека  интезно преговараат со Русија за мировни преговори.  

- Во писмото се вели: „Украина е подготвена да дојде на преговарачка маса што е можно поскоро за да се доближи траен мир. Никој не сака мир повеќе од Украинците. Во врска со договорот за минерали и безбедност, Украина е подготвена да го потпише во секое време, тоа е погодно за вас, штотуку го добивме пред малку, имавме сериозни разговори со Русија и добивме силни сигнали дека тие се подготвени за мир, истакна трамп. 

-Бараме конструктивна соработка и вистинско партнерство. Она што се случи во Белата куќа наместо нашите планирани преговори е за жалење. Но, мора да најдеме сила да продолжиме напред, да се почитуваме еден со друг - како што секогаш сме ги почитувале Америка, Европа и сите наши партнери - и да работиме заедно за да го доближиме мирот. Благодарен сум на сите што ја поддржуваат Украина во ова,изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Кремњ го оцени писмото на Зеленски до Трамп како позитен чекор за преговори околу војната, но потецираше дека сеуште има прави и политички пречки. 

-Тоа е позитивно. Прашањето е со кого да се преговара. Засега, на украинскиот претседател и натаму законски му е забрането да преговара со руската страна. Затоа, целокупниот пристап е позитивен, но нијансите сè уште не се променети, изјави  портпоаролот на Путин, Димитри Песков.  

Во меѓувреме  Официјален  Париз  објави дека   францускиот и украинскиот претседател и британскиот премиер се подготуваат за средба со американскиот претседател во Вашингтотн.Средбата како што инфорираше француската влада  ке се случи за брзо време, но не прецизира датум.