Македонија
9. May 2026 - 17:02

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми

Вештачка интелигенција што го следи и намалува загадувањето на воздухот, му асистира на докторот во операциона сала, но и  овозможува одгледување растенија без почва со цел да се избегнат бактерии и пестициди- токму тоа е физичката вештачка интелигенција.

Технологија што не останува само на анализа, туку директно решава реални проблеми. Оваа визија веќе не е далечна иднина, таа се гради и во Скопје, во новиот технолошки парк N99 кој амбиција да ги спои науката, иновациите и бизнисот во служба на секојдневниот живот.

Растенија кои се одгледуваат во АИ лабораторија. Растат два пати побрзо отколку во почва, даваат три пати повеќе плод. Луѓето и растенијата се заштитети од бактерии и пестициди. Ваква лабораторија има во новиот технолошки парк Н99.

Денеска беше потпишан и договор со Јужна Кореа за АИ земјоделство, земјоделска роботика, робот за берба, меѓусебни обуки и истражувања.

Еко системот Н99 соработува со преку 40 земји од светот, идејата е под еден кров да се спои образованието, иновацијата, технологијата и бизнисот. Собрани се најдобрите кадри од Македонија за да може да се понуди производство и на глобално ниво и да бидеме конкурентни во светот.

На денешниот АИ самит, по отворањето на новиот технолошки парк учествуваа претставнмици од Гугл, Мајкрософт, но и глобални АИ компании од светски рамки, владини претставници кои го споделија нивното знаење и искуство со вештачката интелигенција пред учесниците.

Ова е првиот технолошки парк отворен во Македонија.