Пуџдемон: Каталонскиот народ не ги прифаќа мерките на Мадрид

Каталонскиот народ не може да ги прифати мерките на шпанската Влада за распуштање на регионалните власти во Каталонија и за распишување на избори во регионот, изјави вечерва каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон.
Во телевизиско обраќање до граѓаните на Каталонија, Пуџдемон побара одржување седница на каталонскиот Парламент на која би се расправало за мерките што ги презема Владата во Мадрид, кои практично значат суспензија на каталонската автономија.
- Го молам Парламентот да се состане на пленарна седница на која ние, претставниците на суверенитетот на граѓаните, ќе може да одлучиме во врска со овој обид за ликвидација на нашата влада и нашата демократија, потенцира Пуџдемон.
- Со ваквите потези Владата во Мадрид не го почитува владеењето на правото, порача Пуџдемон.
Според него, мерките на шпанската Влада претставуваат „најлош напад врз институциите и народот на Каталонија од воената диктатура на Франциско Франко".
Во обраќањето тој сепак не му препорача на Парламентот прогласување независност на Каталонија.
Весникот „Конфиденсиал“ меѓутоа објави дека Пуџдемон на 23 октомври ќе прогласи независност на Катлонија.
Ново на Сител
-

На Косово уапсен убиецот на Турчинот во Чаршија, му нанел четири убоди со нож во градниот кош и срцето
-

26-годишен маж од неготинско со трактор излетал од патот
-

ЈП„ Македонија пат“: Слаб снег во одредени делови во земјата, но не се задржува на коловозот
-

Ангажман на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на веќе стекнати права
-

Следните денови променливо облачно со повремен дожд и потопло
-

Се уште нема информации за Македонецот кој исчезна по пожарот во Кран Монтана | ВИДЕО
-

Во „БМВ x5“ превезувал 10 кг. кокаин, уапсен 26 годишник во Количани | ВИДЕО
-

Снимен моментот на избувнување на пожарот во Кран-Монтана | ВИДЕО
