-->
-->
Радев: Македонија е прекрасна земја, носиме исти имиња, славиме исти празници, нема потреба од преведување на јазикот
-->
Пилот по вокација, нуркач и рокер по определба. Војник од кариера кој пред да се пензионира како генерал мајор беше командант на бугарските Воено-воздухопловни сили – ова е дел од биографијата на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, кој изминатите два дена беше во првата официјална посета на Република Македонија.
Запрашан дали е ова негова прва посета на Македонија и колку знае за Македонија, за храната, за мелосот, тој вели:
– За Македонија знам многу, сум учел многу, сум слушал многу, но за жал првпат сум тука. Тоа е многу пропуштено време и треба да го надоместам. Македонија е една прекрасна земја, со неверојатни луѓе. Имав можност шетајќи тука да сретнам луѓе со кои имав исклучително пријатни средби. Ние носиме исти имиња, славиме исти празници, нема потреба од преведување на јазикот, прекрасно се разбираме. Се надевам дека ќе можам почесто да доаѓам тука и веќе му ветив на претседателот Ѓорге Иванов ова лето да се видиме на Охридското езеро кое за мене една голема мечта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог