-->
-->
Рама: Ќе го уништиме канабисот во Албанија
-->

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека ќе започне со подготовка на национален план за уништување на канабисот, со што ќе се спречи садење и трговија на тоа растение во земјата.
На средба со полициски претставници, Рама истакна дека масовните рации против одгледување на канабис оваа година ќе овозможат уништување на „феноменот“, кој е актуелен веќе 25 години во Албанија.
- Борбата против одгледување канабис почна со уништување на „Канабисот на Република Лазарат“ и таа борба продолжува, нагласи Рама.
Албанскиот премиер истакна дека само до пред три години селото Лазарат , во кое не владее законот, било „неодпирливо и уживало целосен имунитет“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
