-->
-->
Раул: Сакам да победувам со Македонија
-->
Новиот селетор на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез со позитивна енергија го очекува своето деби на кормилото на црвено-жолтите.
Шпанецот е свесен дека претстојните два меча против Ислан за Европското првенство во Хрватска следната година ќе бидат исклучително тешки, но веруива дека неговите израници се кадарни да бидат подобрио од противникот.
„Не чекаат два тешки натпревари против Исланд. Сакаме да победиме дома, се подготвуваме и мислам дека ќе успееме. Сакам да победувам со Македонија. Позитивно сум настроен. Очекуваме многу од противниците, ќе тренираме. Ќе го разгледаме составот и ќе гледаме потоа како ќе играме. Имаме играчи кои сакаат да работат. Што се однесува до Исланд, мислам дека нема да биде воопшто лесно против нив. Мора фокусот да ни биде на мечот в четврток“, изјави Гонзалез.
Новиот селектор Гонзалез смета дека Арон Палмарсон е најголемата закана за нашата селекција, па токму кон него треба да бидат фокусирани играчите во одбраната.
Првиот од двата натпревари против Исланд, Македонија ќе го игра во четврток (4 мај) со почеток од 20.00 часот во арена „Борис Трајковски“, а три дена подоцна (7 мај) е гостувањето во Рејкјавик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје