Македонија
6. May 2026 - 12:31

Регионална конференција на сметководители во Скопје

Под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“, денеска во Скопје ќе се одржи Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители. Конференцијата обедини над 1.000 учесници од земјава и регионот кои разменија мислења за дигиталната трансформација на сметководствената професија и усогласувањето со меѓународните стандарди.

Во рамки на конференцијата ќе се одржи и Саем за дигитализација, на кој ќе бидат презентирани современи софтверски решенија и алатки наменети за сметководителите.