Македонија
21. October 2026 - 12:24

Ромите се уште се соочуваат со предизвици

Иако се забележува напредок во институционалната координација и вклучувањето на граѓанскиот сектор, Ромите и натаму се соочуваат со сериозни предизвици во образованието, здравството и домувањето.

Падот на бројот на ученици што се запишуваат во средно образование, речиси трипати повисоката доенечка смртност во ромската заедница и бавната легализација на домовите се дел од клучните наоди на најновиот извештај за спроведувањето на политиките за Ромите.

Извештајот, кој се подготвува осма година по ред, ги анализира состојбите во повеќе области и содржи препораки за унапредување на институционалните политики и мерки за 2026 година.