-->
-->
Русија протерала двајца британски дипломати под обвинение за шпионирање
-->
Русија денеска соопшти дека протерува двајца британски „дипломати“ поради сомневање дека вршеле шпионски активности, соопшти безбедносната служба ФСБ.
ФСБ соопшти дека двајцата свесно објавиле лажни информации за себе при влегувањето во Русија. ФСБ откри „знаци на разузнавачка работа и саботажа“ извршена од двајцата што ја загрозува руската национална безбедност.
Еден од осомничените е вториот секретар на амбасадата, Алкеш Одедра. Другиот е Мајкл Скинер, сопруг на британски дипломат. Тие добија рок од две недели да ја напуштат Русија.
-Министерството за надворешни работи, исто така, повика претставник на амбасадата, се вели во објавата на Телеграм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Британските власти работат на побрзи одобренија за лабораториски произведена храна
-
Анчелоти го пофали Мбапе за голот против Рајо Ваљекано
-
Русија протерала двајца британски дипломати под обвинение за шпионирање
-
Далас со само седум кошаркари го заврши натпреварот со Феникс, повредите продолжуваат да ги мачат Маверикс
-
Мицотакис веројатно ќе направи реконструкција на Владата во следните денови
-
Почина Милан Кубин - еден од најдобрите македонски кик боксери
-
Белгија следната година ќе воведе електронски лични карти
-
Водата во Скопје безбедна за пиење