-->
-->
Русија работи на ново хиперсонично оружје
-->
Руското Министерство за одбрана разработува ново хиперсонично вооружување, кое ќе се користи со помош на плазма, соопштија руските власти.
- Речиси го усовршивме новото хиперсонично оружје, коешто користи сосема нови материјали и системи за управување, што пак, работат совршено на нов принцип - во плазма. Овие разработки се неопходни во современата армија, заради натпреварот во научно-техничката револуција, изјави рускиот заменик министер за одбрана Јуриј Борисов за весникот „Звезда".
Натаму, тој истакнува дека најновите системи на вооружување, пред се, се насочени кон поскоро откривање на противникот и негова побрза елиминација.
Руските власти, исто така, навестуваат и пософистицирано ласерско и електромагнетно вооружување
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници