Руската ПВО во текот на ноќта собори 21 украински дрон
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во текот на изминатата ноќ руските сили за воздушна одбрана уништиле 21 украински дрон.
- Руските единици за воздушна одбрана (ПВО) уништија 21 украински дрон во текот на изминатата ноќ.
Тринаесет беспилотни летала се уништени над регионот Белгород, шест над регионот Брјанск, кој исто така се граничи со Украина, додека преостанатите два се уништени над регионите Воронеж и Курск, се вели во соопштението на Министерството објавено на Телеграм.
Руското Министерство наведе дека украинските беспилотни летала гаѓале фабрики за етанол во регионот Воронеж во јужна Русија, а регионалниот гувернер Александар Гушев потврдил дека две лица се повредени во украинскиот напад и дека два бизниси биле оштетени од пожари.
Гусев најави дека над Воронеж биле уништени или пресретнати околу 10 украински беспилотни летала, а остатоците од дронови оштетиле неколку згради.
Ново на Сител
-
Георгиевски освои сребро Г1 светскиот куп во Букурешт
-
Сајнц победи на трката за ГН на Мексико
-
Ивановски победи тенисер од Топ 100 на Челинџерот во Братислава
-
Јавна расправа за предлог-законите за административни службеници и за вработените во јавниот сектор
-
Изгаснат пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир, се утврдуваат причините
-
ГЕРБ на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија
-
Руската ПВО во текот на ноќта собори 21 украински дрон
-
Шин Бет размислува да одвои околу 1,3 милиони долари за дополнителна заштита на Нетанјаху