САД испраќаат дополнителни трупи во Естонија за да ја зајакнат одбраната на НАТО
САД ќе распоредат дополнителни пешадиски трупи во Естонија „во наредните недели“ за да ја зајакнат одбраната на источното крило на НАТО, соопшти денеска естонското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека во таа балтичка држава ќе биде распоредена американска пешадиска чета, која вообичаено се состои од 80 до 250 војници.
Дополнителните пешадиски трупи ќе бидат придружувани од артилерискиот ракетен систем ХИМАРС и соодветната опрема, како и системи за команда и контрола.
– Оваа одлука претставува значително зголемување на ротирачкото американско воено присуство во Естонија и балтичките земји и ја покажува долгорочната посветеност на САД за безбедноста на нашиот регион и значително подобрување на позицијата на НАТО, рече естонскиот министер за одбрана Хано Певкур.
Минатата недела, Естонија, која е сосед на Русија, соопшти дека ќе купи ХИМАРС за да ги зајакне своите одбранбени капацитети во најголемиот досегашен проект за набавка на оружје на балтичката држава, вреден повеќе од 200 милиони долари.
Американската амбасада во Талин во посебно соопштение наведе дека американските трупи се дел од зголеменото ротациско распоредување на трупите на НАТО договорено на самитот на воената алијанса во Мадрид претходно оваа година.
Ново на Сител
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори