САД ќе бараат задолжително вакцинирање против Ковид-19 за работниците кои ја минуваат копнената граница
Американското Министерство за домашна безбедност (DHS) вчера најави дека есенцијалните работници, како што се возачите на камиони и медицинските сестри, кои ја преминуваат границата на копнените премини, од утре ќе мора да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19.
Администрацијата на претседателот Бајден во октомври најави дека на патниците од Канада и Мексико од 8 ноември повторно ќе им дозволи да влезат во САД преку копнените гранични премини, но само доколку се целосно вакцинирани.
Границата на САД со Канада и Мексико веќе 20 месеци е затворена поради стравот од ширење на коронавирусот за секој што не патува поради обврска, а Министерството за домашна безбедност вчера најави дека ќе ја прошири одредбата на работници кои не се државјани на САД или во САД имаат постојан престој.
-Граѓаните кои не се американски државјани кои влегуваат во САД преку копнени граници или терминали за траект долж северната и јужната граница од сабота ќе треба да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19 и подготвени да приложат сертификат за вакцинација, изјави министерот Алехандро Мајоркас.
За разлика од луѓето кои патуваат со авион, оние што ја минуваат границата на копнени премини не мора да покажат негативен тест за Ковид 19.
Канада на 15 јануари донесе уредба со која се бара возачите на камиони кои влегуваат во земјата од САД да бидат вакцинирани.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време