САД ќе и вратат на Јапонија 4.000 хектари од островот Окинава
САД и враќаат на јапонската Влада близу 4.000 хектари од јужниот остров Окинава, што претставува прв ваков чекор од 1972 година, соопшти американскиот Стејт департмент, јави ДПА.
- Со ова се намалуваат 20 проценти од територијата која ја користи САД на островот, што истовремено ја гарантира нашата способност да ги исполнуваме должностите согласно договорот за безбедност, изјави претставникот на Стејт департментот Џон Кирби.
Вратената земја се наоѓа во северниот дел на Окинава и досега беше користена за обуки на американската војска.
- Враќањето е пример за духот на соработката во американско-јапонскиот сојуз и е дел од должностите за прегрупирање на американските сили во Јапонија, забележа Кирби.
Церемонијата за враќањето на делот се одржа вчера во Токио во присуство на американската амбасадорка Каролин Кенеди и јапонскиот премиер Шинѕо Абе.
Друга церемонија е планирана за денеска и на неа ќе присуствува генералниот секретар на јапонската Влада Јошихиде Суга, кој исто така е и министер кој е одговорен за базите на Окинава.
Американците го заземаа островот за време на Втората светска војна и ги вратија на Јапонија во 1972 година, но таму останаа распоредени американските војници и тоа со години создава тензии меѓу локалните жители.
Ново на Сител
-
За 12 октомври се подготвува реванш меѓу Усик и Фјури
-
Топ 5 технолошки новитети кои доаѓаат во блиска иднина
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп